Достапни линкови

Сомалија-три лица загинаа при експлозија во претседателската резиденција


Сомалискиот претседател шеикот Шариф Ахмед

Сомалискиот претседател шеикот Шариф Ахмед

Најмалку три лица загинаа, а неколку се повредени при експлозија во претседателската резиденција во главниот град на Сомалија, Могадишу. Според извештаите, се уште не се јасни причините за инцидентот.
Исламистичките бунтовници Ал Шабаб и приврзаниците на Ал Каеда ги зголемија нападите во земјата од август во минатата година.
Владата на сомалискиот претседател шеикот Шариф Ахмед е поддржана од 10 илјади припадници на миротворните сили на Африканската унија.
XS
SM
MD
LG