Достапни линкови

logo-print

Бомбашки напади во Авганистан, девет жртви


Најмалку девет лица загинаа при експлозија на две бомби во јужен Авганистан. Нападот се случи во време кога американскиот секретар за одбрана Леон Панета ги посети војниците во воениот камп во покраината Хелманд. Агенциите јавија дека осум цивили загинале кога експлодирала мина поставена покрај патот во реонот Марја во Хелманд. Според властите, Талибанците се одговорни за нападот.
Во друг инцидент во Кандахар загинал еден безбедносен офицер, а две лица биле повредени.
XS
SM
MD
LG