Достапни линкови

Дебатата за Македонија во ЕП заврши, предложени нови амандмани


Известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит

Известувачот за Македонија во ЕП, Ричард Ховит

Заврши дебатата за напредокот на Македонија во процесот на евроинтеграциите во 2011 година во Стразбур. Претседавачот со Европскиот совет, данскиот министер за европски прашања Николај Вамен изјави дека Македонија ги исполнува условите за почеток на преговорите за членство во ЕУ. Но, останува нерешениот проблем со името кој е единстевната пречка за почеток на преговорите. Според него, една земја која сака да стане членка на ЕУ мора да има добар дијалог со соседите и проблемот со името е билатерален и треба да биде решен на прифатлив начин за двете страни. Комесарот за проширување Штефан Филе кој го најави почнувањето на дијалогот на високо ниво со Македонија, нагласи дека тој ќе биде обострано корисен, но не може да ги замени преговорите за членство.
Во меѓувреме во резолуцијата за напредокот на Македонија, за која денеска ќе гласа Европскиот парламент, предложени се седум нови амандмани, но тие нема да го изменат суштински предложениот текст.
XS
SM
MD
LG