Достапни линкови

Преговори ЕУ - Македонија без одложување


Вицепремиерката Теута Арифи и известувачот во за Македонија во ЕП Ричард Ховит.

Вицепремиерката Теута Арифи и известувачот во за Македонија во ЕП Ричард Ховит.

Усвоена резолуцијата за Македонија во Европскиот парламент. Известувачот Ричард Ховит го поддржа повикот за почеток на пристапни преговори со Македонија без одложување и нагласи дека пристапниот дијалог на високо ниво не е замена за преговорите.

Европскиот парламент со огромно мнозинство гласови попладнето ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија во 2011 година, во која уште еднаш европратениците бараат од Европскиот совет да утврди во најкраток рок, датум за почеток на преговори за прием на Македонија. Во резолуцијата се подвлекува и важноста да се поддржат напорите во процесот на европската интеграција на земјата

Предупредувањата не важат само за земјата, туку и за самите нас, посебно имајќи ги предвид инцидентите на етнички конфликт изминатата недела. Како што ми беше кажано во земјата, стабилноста е како велосипед – мора да продолжите да се движите напред.
Пред тоа известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит во својот говор за резолуцијата за напредокот на Македонија во 2011 денеска се осврна на најновиот развој на настаните во Македонија по многубројните инциденти меѓу младите.

„Предупредувањата не важат само за земјата, туку и за самите нас, посебно имајќи ги предвид инцидентите на етнички конфликт изминатата недела. Како што ми беше кажано во земјата, стабилноста е како велосипед – мора да продолжите да се движите напред.“
Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакис, Ричард Ховит и Никола Попоски.

Состанок на мешовитиот комитет ЕУ-Македонија. Јорго Шацимаркакис, Ричард Ховит и Никола Попоски.


Ховит исто така во својот говор кажа дека смета оти дијалогот на високо ниво што треба да почне утре со ЕУ не е алтернатива за разговорите.

Затоа го поддржувам повикот за почеток на европските пристапни преговори без одложување, како што е одредено во параграф еден пасос еден во резолуцијата. Затоа предлагам амандман со кој се поддржува пристапниот дијалог на високо ниво кој треба да почне утре, што не претставува алтернатива за разговорите, туку е можност која не смее да биде пропуштена.
„Затоа го поддржувам повикот за почеток на европските пристапни преговори без одложување, како што е одредено во параграф еден пасос еден во резолуцијата. Затоа предлагам амандман со кој се поддржува пристапниот дијалог на високо ниво кој треба да почне утре, што не претставува алтернатива за разговорите, туку е можност која не смее да биде пропуштена.“

Инаку и оваа година известителот Ховит во предлог-резолуцијата констатира темелни заложби во однос на главните политички, економски и други предизвици за земјава. Исто така констатирани се заложби кои упатуваат на надминување на билатералните прашања.

Јани Макрадули од СДСМ оцени дека резолуцијата претставува доказ за поддршката на Европскиот парламент, но оти не може сама по себе да не пренесе во преговори. Тоа треба да го направи владата, наведува Макрадули.

„Задачата мора да ја заврши Македонија. Тоа е и стимул за работа, но и стимул за наоѓање решение за спорот за името“, вели Макрадули.

Во Нацрт-резолуцијата за Македонија се вели дека треба да се одреди датум за почеток на претпристапни преговори со ЕУ. Александар Спасеновски од ВМРО-ДПМНЕ оцени дека резолуциите на Европскиот парламнет се исклучително важни, бидејќи оваа институција е една од неколкуте, заедно со Европската комисија, кои имаат отворен принцип кон Македонија.

„Секогаш сите чекори на Европскиот парламент заслужуваат внимание затоа што се во прилог за европските амбиции на Македонија“, вели Спасеновски.

Резолуцијата за напредокот на Македонија е важна за земјава бидејќи останува препораката да се одреди датум за претпристапни преговори со ЕУ, но општо гледно, сепак повеќе има симбилично значење отколку содржинско, комнтира Ермира Мехмети од ДУИ. Таа го свртува вниманието на инцијативата на ЕУ да почне нешто што, како што оценува, личи на претпристапен дијлог, иако тоа не е во формална смисла дијалог како што го имаат другите земји-кандидати.

„Некое придвижување нема да видиме, туку ќе видиме некаков дијалог“, вели Мехмети.

Во дискусијата меѓу некои европратеници можеше да се слушне и нагласено барање да се работи според модел на некои од земјите од соседството. Известувачот на Европскиот парламент Јелко Кацин кој учествува во пленарната распрва на парламентот, зборувајќи за договорот меѓу Србија и Косово, кажа дека тоа претставува драматичен повик за Македонија поразумно да тргне напред.
  • 16x9 Image

    Мирјана Спасовска

    Родена е во Скопје 1971 година. Од 1996 та година работи во телевизиската кука А1. Од 1998 та година е во телевизијата Телма каде за централно информативната емисија известува за дневни социјално - општествени теми.  Во Радио Слободна Европа е од 2002 та година.  

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG