Достапни линкови

Комерсант - Се подготвува воен напад врз Иран


Американскиот државен секретар Хилари Клинтон побарала деновиве од шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да го информира Иран дека има последна шанса, во наредниот месец, да преговара за нуклеарната програма и да избегне војна. Ова го пишува денеска рускиот весник Комерсант, повикувајки се на извор во руското министерство за одбрана. Според весникот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху на неодамнешната средба со Барак Обама побарал подршка за напад врз Иран. Русија, наводно, веќе се подготвувала за американско – израелскиот напад врз Иран и за можноста од голем бран бегалци од таа земја.
XS
SM
MD
LG