Достапни линкови

САД - Републиканците повторно без фаворит за претседател


Рик Санторум.

Рик Санторум.

До вчера Мит Ромни беше речиси сигурен претседателски кандидат на републиканците, но по поразот од Рик Санторум во Алабама и Мисисипи, трката повторно стана неизвесна.

Претседателскиот кандидат во рамките на Републиканците, Рик Санторум, во рамките на партиските избори, вчера победи во Алабама и Мисисипи, со што ја зајакна својата позиција во однос на другиот републикански кандидат Мит Ромни. Но, победата на Санторум во тие две држави само ја искомпликува трката во Републиканската партија и се уште не е јасно кој ќе му се спротистави на демократот Барак Обама на претседателските избори годинава.
Ќе бидеме конкурентни секаде. Време е сега конзервативците да се обединат. Сега имаме големи шанси да победиме на овие избори, а тоа можеме да го сториме ако биде номиниран конзеравтивец кој ќе му се спротистави на Обама по секое прашање.

До вчера Мит Ромни беше речиси сигурен претседателски кандидат на републиканците, но по поразот од Рик Санторум во Алабама и Мисисипи, трката повторно стана неизвесна. Многумина во Републиканската партија би сакале да имаат веќе јасна ситуација за тоа кој ќе биде нивни претседателски кандидат и да можат да се фокусираат врз подготовките за битката против Обама во ноември.

Мит Ромни

Мит Ромни

Се претпоставуваше дека Мит Ромни ќе извојува победа барем во една од двете држави во кои се гласаше вчера и со тоа ќе ја бетонира својата кандидатура. Иако многу тесно, Санторум победи, а третиот републикански кандидат Њут Гингрич веќе се оценува дека ги загуби сите шанси да биде претседателски кандидат и веројатно наскоро ќе се повлече. Гингрич победи само во две држави од кои едната е Џорџија, чиј претставик е во Конгресот. Со повлекувањето на Гингрич, аналитичарите предвидуваат дека неговите подржувачи ќе застанат зад Санторум, кој се смета за поконзеравтивен од Ромни.
Една од работите што се покажаа денеска е дека медиумската интенција да се докаже оти Ромни е вистинскиот лидер, пропаднаа. Факт е дека во двете држави конзервативните кандидати освоија речиси 70 насто од гласовите.

Зборувајки во Луизијана, каде што републиканците ќе го гласаат својот претседателски кандиат кон крајот на месецов, Санторум беше убеден дека ќе ја добие подршката од конзервативното крило, што според него е клучно за да биде победен Барак Обама во ноември.

„Ќе бидеме конкурентни секаде. Време е сега конзервативците да се обединат. Сега имаме големи шанси да победиме на овие избори, а тоа можеме да го сториме ако биде номиниран конзеравтивец кој ќе му се спротистави на Обама по секое прашање.“

Од друга страна, зборувајќи пред своите подржувачи во Алабама, Гингрич не даде сигнали дека ќе се повлече од трката, но го критикуваше Ромни.

„Една од работите што се покажаа денеска е дека медиумската интенција да се докаже оти Ромни е вистинскиот лидер, пропаднаа. Факт е дека во двете држави конзервативните кандидати освоија речиси 70 насто од гласовите.“

За да обезбеди номинација на партиската конвенција што ќе се одржи во август во Тампа, на кандидатот му се потребни 1.144 гласови од делегатите. Ромни, со околу 450 делегати засега, има двапати повеќе делегати на своја страна во однос на Санторум, но се уште нема обезбедено сигурна победа во рамките на републиканците.
  • 16x9 Image

    Љупчо Наќев

    Работи во Радио Слободна Европа во Прага од започнувањето на емитувањето на програмата на Македонски јазик, како уредник и водител. Со новинарство се занимава од 1988-ма година, најнапред во Македонското радио, а потоа во А1 телевизија, како и повеќе години како постојан дописник на Радио Дојче Веле. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG