Достапни линкови

Европратениците ќе расправаат и гласаат за резолуцијата за напредокот на Македонија


Ричард Ховит

Ричард Ховит

Европскиот парламент на денешната пленарна сесија во Стразбур треба да расправа и да гласа за резолуцијата предложена од британскиот европарламентарец Ричард Ховит за напредокот на Македонија во 2011 година. Финалниот текст на резолуцијата, по амандманските промени на Комисијата за надворешни работи на ЕП, наместо првичните десет сега има петнаесет страници, односно додадени се 24 нови точки.
Во дискусијата која ќе се води меѓу европратениците и претставниците на ЕК и на Советот на ЕУ, најверојатно ќе бидат ставени во прв план измените на текстот, како и најновиот развој на настаните во Македонија по бројните инциденти меѓу младите. Текстот на резолуцијата за Македонија се уште може да претрпи измени со нови амандмани, но се претпоставува дека тие нема да променат ништо битно бидејќи сегашната верзија е компромисно решение меѓу најголемите политички групи во Европскиот парламент.
XS
SM
MD
LG