Достапни линкови

Груевски се сретна со новиот евроамбасадор Орав


Средба на премиерот Никола Груевски со евроамбасадорот Аиво Орав

Средба на премиерот Никола Груевски со евроамбасадорот Аиво Орав

Премиерот Никола Груевски попладнево на средбата со новиот евроамбасадор во Македонија Аиво Орав, истакна дека тој ќе има целосна поддршка за да се овозможи отворена, динамична и блиска комуникација и соработка меѓу Владата и Делегацијата на ЕУ во земјата. Груевски го информирал Орав дека Македонија останува посветена на процесот што се води во Обединетите нации за спорот за името, изразувајќи отвореност за изнаоѓање на заемно прифатливо решение.
Според соопштението Груевски ја реафирмирал и посветеноста за продолжување на реформскиот процес во Македонија.
XS
SM
MD
LG