Достапни линкови

Македонското знаме запалено на протести во албанскиот град Бурел


Група млади по вчерашниот протест во албанскиот град Бурел го запалиле, газеле и фрлале македонското знаме. Албанските медиуми јавија дека на протестот биле извикувани пароли „Долу Македонија“ и „Сакаме етничка Албанија“.
Протестот бил организиран поради убиството во Гостивар, насилството врз албански ученици и палење на албанското знаме од страна на наводна македонска Христијанска организација.
XS
SM
MD
LG