Достапни линкови

Попоски оствари средба со амбасадорите од регионот


Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски

Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска имаше работна средба со амбасадорите на Хрватска, Црна Гора, Србија, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово. Според соопштението, целта на средбата било запознавање со активностите кои ги презема Македонија во процесот на пристапување во ЕУ, како и размена на мислења за актуелни прашања од билатералната и регионалната соработка во евроинтеграцијата.
Попоски се осврнал и на пристапниот дијалог меѓу Македонија и ЕУ кој започнува на 15 март во Скопје.
XS
SM
MD
LG