Достапни линкови

logo-print

Битолски кореограф го промовира македонскиот мелос во светот


Ристо Трајковски, 81-годишен кореограф од Битола.

Ристо Трајковски, 81-годишен кореограф од Битола.

Ристо Трајковски, цели 48 години од животот вложил во формирање на македонски културно уметнички друштва во Австралија, Америка и Германија, преку кои децата на македонските иселеници го изучуваат македонскииот фолклор и традиција.

81-годишниот кореограф од Битола, Ристо Трајковски, го помина најголемиот дел од животот во битка да се зачува македонскиот мелос, ора и песни во странство. Цели 48 години вложи во формирање на македонски културно уметнички друштва во Австралија, Америка и Германија, преку кои децата на македонските иселеници го изучуваат македонскииот фолклор и традиција.
Работев во Америка, Австралија, Канада. Кореограф им сум на македонските уметнички друштва. Одам во Детроит, Перт. Родителите се заинтересирани многу да играат нивните деца зашто дојде многу лошо време, па се плашат да не пијат, пушат, има дроги.

Кариерата ја започнал како прв кореограф во друштвата „Танец“ и „Илинден“, а потоа го обиколил светот и направил многу кореографии за македонски народни песни.
Ристо Трајковски,81-годишниот кореограф од Битола.

Ристо Трајковски,81-годишниот кореограф од Битола.


„Работев во Америка, Австралија, Канада. Кореограф им сум на македонските уметнички друштва. Одам во Детроит, Перт. Родителите се заинтересирани многу да играат нивните деца зашто дојде многу лошо време, па се плашат да не пијат, пушат, има дроги. Во Торонто имаме оркестар со Македонци, битолчани. Во Детроит прв направив да има македонски фолклор. Кога им се родија дечињата и пораснаа по 16 години почнавме да работиме“, вели Трајковски.

Досега добивал многу признанија за својата работа во странство. Но, разочаран е од третманот што го има од помладите кореографи во Македонија. Вели дека на дел од домашните кореографи им недостасува креативност и дека често се повторуваат истите игри.
Не сум задоволен, ме навредуваат младите кореографии овде. На фестивалите ги играат истите игри.

„Јас сум шетал на сите фестивали во Америка, Австралија и Канада. Јас сум награден од г. г. Стефан. Во странство направив Илинденско оро, а во Њујорк направив кореографија за „Бркање на чумата“ во која фолклор изведуваа девојки со свеќи. Јас сум платен од Државниот фолклорен институт од Келн. Не сум задоволен, ме навредуваат младите кореографии овде. На фестивалите ги играат истите игри. Шест друштва прикажуваат по четири исти игри, а јас сум богат по тоа што можам да им средам игри, да им додадам друго“, додава Трајковски.

Тој во моментот престојува во Битола, каде низ Широк Сокак може да се види со рустикална капа на главата изработена пред 65 години кога почнал да твори во културно уметничките друштва.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

XS
SM
MD
LG