Достапни линкови

Образованието значи соживот


Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Скопје, Македонија
Проект на УСАИД за меѓуетничка интеграција во образованието, Скопје, Македонија

Проектот за меѓуетничка интеграција на образованието на УСАИД е особено значајно за меѓуетничката хармонија во земјава, велат од амбасадата на САД во земјата. За македонските власти со овој проект ќе им се даде надеж на децата и младите дека образованието значи соживот.

Загрижени сме за насилните настани минатата недела. Овие криминални дела немаат место во слободното општество и мора да бидат казнети соодветно со законот. Ваква порака испрати заменик амбасадорот на Соединетите Држави во земјава, Брајан Аглер кој даде поддршка на новиот проект за меѓуетничка интеграција на образованието на УСАИД. Според него ваквите проекти се особено значајни за меѓуетничката хармонија во земјава.

Моите колеги од амбасадата на САД и оние од интернационалната заедница во Скопје се длабоко загрижени од насилните настани минатата недела. Тие ја посочуваат итната потреба за проекти како овој, кои промовираат меѓуетничка хармонија во Македонија.
Брајан Аглер, заменик амбасадор на САД во Македонија.

„Моите колеги од амбасадата на САД и оние од интернационалната заедница во Скопје се длабоко загрижени од насилните настани минатата недела. Тие ја посочуваат итната потреба за проекти како овој, кои промовираат меѓуетничка хармонија во Македонија. Задоволство ми е што сум тука на овој многу важен настан, како и за можноста да ја потенцирам континуираната поддршка и посветеност на мисијата на САД за поголема меѓуетничка хармонија и разбирање во земјава“, рече Аглер.

Важноста на проектот за интегрирано образование ја потенцираше и адмиралот Џон Месершмит од Европската команда на Соединетите Држави која е кофинансиер на проектот. Нашето мото во Европската команда е „Заедно посилни,“ рече адмиралот Месершмит.
Меѓуетничкото интегрирано образование останува одговор на предизвикот да се обезбеди квалитетно образование за сите, како и да се зајакне почитувањето на човековите права и слободи на сите граѓани на Република Македонија.
Панче Кралев, Министер за образование.

„Нудењето помош за нашите пријатели и сојузници преку ваквите програми е еден од начините со кои ги зајакнуваме трајните партнерства. Во изминатите десет години дониравме милиони долари за реновирање на училишта и болници ширум земјава, рече Месершмит.

Вицепремиерот Муса Џафери изјави дека Македонија има традиција на мирен соживот и така треба да остане. Токму затоа проектот за интегрирано образование треба да и овозможи на земјава да ја искористи мултикултурната разновидност.
Министерот за образование Панче Кралев потенцираше дека реформите во образованието се во согласност со европското законодавство. Со овој проект ќе им дадеме надеж на нашите деца и млади дека образованието значи соживот, ќе им ги покажеме насоките да ги разберат и почитуваат разликите и да ја практикуваат демократијата во мултикултурна Македонија, рече Кралев.

„Меѓуетничкото интегрирано образование останува одговор на предизвикот да се обезбеди квалитетно образование за сите, како и да се зајакне почитувањето на човековите права и слободи на сите граѓани на Република Македонија.“

Проект за меѓуетничка интеграција во оразованието ќе се спроведува во наредните четири години, а истиот чини 5, 2 милиони долари. Во него ќе бидат вклучени сите релевантни засегнати страни во образованието како поддршка на владините напори за етничка интеграција. Истиот ќе влијае на поткревање на свеста и ќе нуди обуки за различности, техничка помош и поттик за училишните одбори, директорите, наставниците и административните службеници.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG