Достапни линкови

logo-print

Заниер-потребна е транспарентна, независна и детална истрага за инцидентите


Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер

Генералниот секретар на ОБСЕ Ламберто Заниер кој е во дводневна посета на Македонија ги осуди инцидентите во последните денови и изјави дека тие можат да ги потиснат напорите за промовирање на меѓуетничкиот соживот. Заниер во интервју за МИА ја поздрави брзата акција на властите за смирување на ситуацијата и изнесување на виновниците пред лицето на правдата.
Според него, иако инцидентите можеби не се базирани на етничка припадност, тие можат да влијаат на меѓуетничките односи и затоа е важно да се спроведе транспарентна, независна и детална истрага.
Една од сугестиите на ОБСЕ за меѓуетнички соживот е интегрираното образование.
XS
SM
MD
LG