Достапни линкови

logo-print

Иванов: Во Македонија нема место за етнички судири


Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов

Претседателот на Македонија Ѓорге Иванов денеска упати апел до сите граѓани да му кажат не на насилството, да не дозволат да бидат испровоцирани и да му поддадат рака на пријателство. Тој порача дека сите што се служат со насилство и сакаат да го доведат во прашање соживотот ќе бидат соодветно казнети. ,,Во нашето општество веќе нема место за поттикнување етнички судири и нетрпеливост. Сите ние со болка се сеќаваме на горчливиот вкус на конфликтите кои ни се случија пред повеќе од една деценија. Заедно го надминавме тоа, свртевме нова страница, зацртавме нов почеток,, рече претседателот Иванов во обраќањето на свеченоста по повод потпишувањето Меморандум за соработка за имплементација на проектот „Спортот како фактор за толеранција, заедништво и почитување“.
XS
SM
MD
LG