Достапни линкови

Меѓуетничка интеграција во образованието


Илустрација: Градинка.
Илустрација: Градинка.

Американската агенција за меѓународен развој УСАИД започна проект за меѓуетничка интеграција во образованието, како подршка на владините напори за етничка интеграција.

Американската агенција за меѓународен развој УСАИД започна проект за меѓуетничка интеграција во образованието. Како што информираат, проектот ќе соработува со сите релевантни засегнати страни во образованието како поддршка на владините напори за етничка интеграција. Истиот ќе влијае на поткревање на свеста и ќе нуди обуки за различности, техничка помош и поттик за училишните одбори, директорите, наставниците и административните службеници.
Ученици во училиште
Ученици во училиште

Мора да има помалку обуки и поголема имплементација на терен, преку работилници со децата, преку културни настани, преку спортски настани и така натака. За успешно да се реализира мора да се спроведат повеќе практични активности, многу помалку обуки.
Владо Димовски, Центар за меѓуетничка толеранција
Според адмиралот Џон Месершмит од Европската команда на Соединетите Држави која е кофинансиер на проектот, нудењето помош за пријателите и сојузниците преку вакви програми е еден од начините со кои се зајакнуваат трајните партнерства.

Заменик амбасадорот на Соединетите Држави во земјава, Брајан Аглер смета дека новиот проект на УСАИД ја потенцира континуираната поддршка и посветеност на мисијата на САД за поголема меѓуетничка хармонија и разбирање во Македонија. Според него, насилствата од минатата недела мораат да бидат казнети и истите ја посочуваат итната потреба за проекти кои промовираат меѓуетничка хармонија.

За Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција, кој е наставник во четиријазично мешано училиште во Батинци, проектите се добар сигнал дека работите се менуваат во позитивна насока. Но, според Димовски, за нивната успешност потребно е повеќе практична настава во самите училишта, а не обуки и дебати надвор од нив.

„Мора да има помалку обуки и поголема имплементација на терен, преку работилници со децата, преку културни настани, преку спортски настани и така натака. За успешно да се реализира мора да се спроведат повеќе практични активности, многу помалку обуки“, изјави Димовски.

Три години по препораката на ОБСЕ за интегрирано образование и повеќе од една година по објавувањето на владината стратегија, високиот комесар на ОБСЕ, Кнут Волебек неодамна оцени дека е постигнат напредок. Според него и покрај одредени недоразбирања кои постојат, сите заинтересирани страни можат да го истераат проектот до крај.

Во корист на сите заедници е да се најде механизам за да добиеме интегрирано образование и интегриран образовен систем и сигурен сум дека ќе најдеме начин како да го направиме тоа, рече Волебек при последната посета во Скопје.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

XS
SM
MD
LG