Достапни линкови

logo-print

Адмирал Ставридис во посета на Македонија


адмирал Џејмс Ставридис

адмирал Џејмс Ставридис

Во официјална посета на Македонија денеска и утре ќе престојува адмиралот Џејмс Ставридис, командант на Сојузничката команда на НАТО за операции. Адмиралот Ставридис денеска ќе биде примен од претседателот Ѓорги Иванов, а ќе има средба и со министерот за одбрана Фатмир Бесими. За време на посетата на Скопје, тој ќе се сретне и со премиерот Никола Груевски и со министерот за надворешни работи Никола Попоски. Здружената команда за операции е одговорна за НАТО предводените операции, а нејзината мисија е да подготвува, да планира и да извршува операции со цел да се достигнат политичките цели на Алијансата.
XS
SM
MD
LG