Достапни линкови

Распишување парламeнтaрни и локaлни избори во Србија


Српскиот претседател Борис Тадиќ на саемот на автомобили во Женева, 06.03.2012.

Српскиот претседател Борис Тадиќ на саемот на автомобили во Женева, 06.03.2012.

Српскиот претседател Борис Тадиќ денеска, според најавите, ќе распише парламентарни избори во Србија, по што ќе бидат закажани и избори за органите на локалната самоуправа и за пратеници на Собранието на Војводина. Рокот за распишување на парламентарните и локалните избори истекува денеска. Според Уставот на Србија, изборите за пратеници ги распишува претседателот на Републиката 90 дена пред истекот на мандатот на Собранието, а тие мора да се одржат во рок од 45 до 60 дена од распишувањето, што значи дека српските граѓани на гласање ќе излезат најдоцна на 29 април или на 6 мај.
XS
SM
MD
LG