Достапни линкови

Обама: Нема да се брза со повлекувањето од Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека нема да се брза со повлекувањето на американските војници од Авганистан и покрај инцидентот во кој американски војник уби 16 цивили на единаесетти овој месец. Обама во интервју дополни дека потребно е војниците да ја напуштат земјата на одговорен начин за да не мора повторно да се враќаат. Инцидентот дополнително ги заостри американско - авганистанските односи кои беа напнати поради горењето на копии на Куранот во база на НАТО. Обама изјави дека убиствата на цивилите е трагично.
XS
SM
MD
LG