Достапни линкови

Египет посредувал во договор за примирје меѓу Израел и Палестинците


Властите во Египет соопштија дека посредувале во договарањето на примирје меѓу Израелците и Палестинците, кое стапува на сила во вторник. Израелското убиство на палестински милитант беше повод за немири. Палестинците лансираа ракети кон Израел а израелските воени авиони реагираа со контранапад. Палестински медицински извори тврдат дека најмалку 25 лица загинале а осумдесетмина се повредени во израелските воздушни напади од стартот на немирите кон почетокот на март.
XS
SM
MD
LG