Достапни линкови

Узбекистан откажа учество на воена вежба


илустрација: дел од воена вежба

илустрација: дел од воена вежба

Узбекистан нема да испрати војници да учествуваат во воената вежба на Шангајската организација за соработка, закажана во јуни годинава, потврдија од таџикистанското министерство за одбрана за Радио Слободна Европа. Портпаролот на таџикистанското министерство Фаридун Макмадалиев потврди дека Узбекистан ја соопштил одлуката минатата недела. За сега нема дополнителни информации околу тоа зошто Узбекистан нема да испрати свои војници на вежбата во која се инволвирани трупи од Русија, Кина, Казахстан и Киргистан и Таџикистан.
XS
SM
MD
LG