Достапни линкови

Откажана церемонијата во чест на добитникот на оскар во Иран


Режисерот Асгар Фархади кој освои оскар за филмот Разделба

Режисерот Асгар Фархади кој освои оскар за филмот Разделба

Иранските власти одбија да издадат дозвола за одржување на церемонија во чест на режисерот Асгар Фархади кој освои оскар за филмот Разделба. Според извештаите, филмот ги вознемирил конзервативците, поради изложувањето на проблемите во иранското општество, како нееднаквоста меѓу половите и желбата на некои жители да ја напуштат земјата.
Техеран го поздрави освојувањето на оскарот, кој претставува триумф на земјата над Израел, бидејќи меѓу номинираните за наградата имаше и филм од израелски режисер.
XS
SM
MD
LG