Достапни линкови

logo-print

На Македонија и е потребно Министерство за туризам


Љупчо Јузмески, најдобар промотор на Македонија во делот на туризмот за 2011 година.

Љупчо Јузмески, најдобар промотор на Македонија во делот на туризмот за 2011 година.

Охриѓанецот Љупчо Јузмески е прогласен за најдобар промотор на Македонија во делот на туризмот за 2011 година во рамките на проектот „Macedonia loves you“. Вели дека не е лесно да се промовира Македонија, но оти ако ја сакаш, сите препреки може да се надминат.

Македонија има безброј убавини за кои во светот недоволно се знае. Затоа е потребна уште поголема и поактивна промоција, смета охриѓанецот Љупчо Јузмески, кој е прогласен за најдобар промотор на македонскиот туризам во 2011 година во рамките на проектот „Macedonia loves you“ или Македонија ве сака, а кој има за цел да ги претстави најдобрите промотори на земјава без разлика дали се тоа Македонци или странци. Нејзин иницијатор е Полјакот Станислав Пигон, исто така голем вљубеник во Македонија.
Мислам дека најдобрата реклама за нашата земја е кога сите задоволни гости ќе видат која е Македонија и кога ќе понесат слики и спомени во нивните држави, а со тоа ќе промовираат како убаво си поминале во Македонија. Затоа ја прифатив и номинацијата за учество во трката најдобар промотoр и еве се покажа дека правилно сум постапил.

Јузмески беше номиниран како директен учесник во промовирањето на Македонија преку организирање на интернационалниот фолклорен фестивал „Разиграно оро“ кој се одржува секое лето во Охрид и поради многубројните реализирани групни тури во Охрид и низ Македонија.

„Мислам дека најдобрата реклама за нашата земја е кога сите задоволни гости ќе видат која е Македонија и кога ќе понесат слики и спомени во нивните држави, а со тоа ќе промовираат како убаво си поминале во Македонија. Затоа ја прифатив и номинацијата за учество во трката најдобар промотoр и еве се покажа дека правилно сум постапил“, изјави Љупчо Јузмески, најдобар промотор на Македонија за 2011 година.
Охрид од птичја перспектива.

Охрид од птичја перспектива.


Тој вели оти благодарение на интернетот, за Македонија и за Охрид денес се повеќе ќе се слуша, но вели тоа треба да го искористиме.
Видов една статистика во која пишуваше дека 40 % од промоцијата на Македонија е остварена од лични контакти на обични луѓе со обични луѓе во странство, преку користење на социјални мрежи и интернетот како конекција меѓу нив.

„Видов една статистика во која пишуваше дека 40% од промоцијата на Македонија е остварена од лични контакти на обични луѓе со обични луѓе во странство, преку користење на социјални мрежи и интернетот како конекција меѓу нив. Тоа е добро затоа што добри зборови се слушаат за нашата земја и се зборува во позитивна конотација“, додава Јузмески.

Јузмески смета дека на Македонија и е потребно Министерство за туризам по примерот на сите соседни држави каде тоа функционира одлично и кој преставува главен двигател на туристичкиот развој. Тој со порака до сите оние кои ја љубат и сакаат Македонија:

„Порака до сите кои сакаат да ја промовираат Македонија да не запираат тука, да продолжат понатака колку и да е тешко и неизводливо, нека се трудат и нека одат напред. Тоа е пораката од мене до сите кои сакаат да ја промовираат Македонија. Да не се откажуваат од неа, бидејќи Македонија има многу убавини кои и ние самите не ги знаеме“, рече Љупчо Јузмески.

Освен Јузмески, „Најдобри промотори на Македонија за 2011“ се и Симон Трпчески во категоријата уметност и наука, македонската кошаркарска репрезентација во категоријата дипломатија од добра волја и Александар Богатинов кој освои најголем број гласови од јавното гласање.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG