Достапни линкови

logo-print

ЕУ одблиску ја следи Македонија


Петер Стано - портпарол на Европската Комисија

Петер Стано - портпарол на Европската Комисија

Европската Комисија го осудува насилството во Македонија и бара да се почитува владеењето на правото. Ова е порака од денешната прес конференција во Брисел

Европската Комисија жали за повредените. се противи и го осудува насилството и бара да се почитува владеењето на правото. Ова денеска на прес конференција во Брисел го изјави Петер Стано - портпарол на Еврокомесарот за проширување Штефан Филе.

„ Ние одблизу ја следиме безбедносната ситуација во земјата. Знаеме дека се води истрага. Веруваме дека политичарите и цивилното општество ќе се погрижат за да се надмине и емоционалната состојба во земјата“
Ние одблизу ја следиме безбедносната ситуација во земјата. Знаеме дека се води истрага. Веруваме дека политичарите и цивилното општество ќе се погрижат за да се надмине и емоционалната состојба во земјата


изјави портпаролот на Филе, Петер Стано нагласувајки дека Европската Комисија ги поздравува изјавите на политичарите во Македонија кои ја реафирмираа посветеноста кон владеењето на правото.
Тој на новинарско прашање дека во Македонија и натаму 11 години по конфликтот има недоверба меѓу македонците и албанците и дека не се почитува целосно Охридскиот Договор во сферата на „ „фиктивни“ вработувања на албанците и „злоупотреба“ на албанскиот јазик во државните институции изјави

„Охридскиот Рамковен Договор е основа и е суштински важен за демократијата и владеењето на правото во Македонија. Секако дека тоа ќе биде тема на разговори за време на дијалогот кој почнува меѓу ЕУ и Македонија.

изјави Стано одговарајки на прашањето дали Штефан Фуле ке изврши притисок врз Македонија да го почитува договорт кога станува збор за користењето на албанскиот јазик и вработувањето на албанците во државната админситрација на престојниот договор Македонија – ЕУ кој почнува во средината на месецов на 15 Март Македонија.
  • 16x9 Image

    Марија Митевска

    Новинарската кариера ја започна во 2008 година во А1 телевизија како репортер во информативната програма.  Родена е на 14.04 1984 година во Скопје. Од мај 2009-та работи како постојан дописник за Радио Слободна Европа од Скопје.

XS
SM
MD
LG