Достапни линкови

logo-print

Бесими-Македонија и Турција имаат одлична соработка во сите сфери


Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими

Министерот за одбрана Фатмир Бесими по денешната средба со турската делегација, предводена од бригадниот генерал Али Шахин Ишлејен изјави дека Македонија и Турција имаат одлична соработка во сите сфери на општеството, а особено во областа на одбраната. Ишлејен ја потврди поддршката на Турција за евроатлантската интеграција на Македонија и изрази надеж дека членството на Македонија во НАТО ќе се реализира во најбрзо време.
Турската делегација ќе присуствува на утрешната свеченост по повод 113. години од дипломирањето на Кемал Ататурк на Воената гимназија во Битола.
XS
SM
MD
LG