Достапни линкови

Македонија - погодна почва за разгорување на страстите


Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.

Оружје пронајдено кај ученици при претрес на МВР во Скопје.

Тензиите на меѓуетнички план се резултат на отсуството на демократија и владеење на правото во земјава, велат аналитичарите. Тие посочуваат дека не се доволни само повиците за смирување на страстите, туку и да се утврдат причините кои довеле до таков развој на настаните.

Земјава се наоѓа во исклучително опасна ситуација која не смее да се потцени. Постои погодна почва за разгорување на страстите, предупредува универзитетскиот професор Мирјана Најчевска. Според неа, она што ни е случува е резултат на отсуството на демократија и владеење на правото во земјава, а загрижува тоа што се поголем број луѓе не им веруваат на належните дека може да се справат со актуелната ситуација.
Постои погодна почва меѓу луѓето за да може да може лесно да бидат разгорени страстите. Тоа значи дека ние седиме цело време на буре барут и секој може да го потпали фитилот. Не е работата за тоа кој сега го потпалил фитилот, туку кој не седнал на бурето со бару.

„Постои погодна почва меѓу луѓето за да може да може лесно да бидат разгорени страстите. Тоа значи дека ние седиме цело време на буре барут и секој може да го потпали фитилот. Не е работата за тоа кој сега го потпалил фитилот, туку кој не седнал на бурето со барут.“

И професор Осман Кадриу анализира дека во Македонија постои сериозно нарушување на меѓунационалните односи, а има и елементи кои се заеднички со конфликтот од 2001 година.
Мирјана Најчевска, професор

Мирјана Најчевска, професор


„Последните случувања претставуваат сериозна опасност и загриженост за граѓаните заради нивната безбедност, самите акти кои се преземаат имаат посебности на меѓунационалниот карактер, на меѓунационална природа.“
Ако не ги утврдиме причините, тогаш доаѓаме во состојба како на пример, некој што е тешко болен бара помош од лекарот, лекарот утврдува погрешна дијагноза, врз основа на пограшната дијагноза дава такви лекарства и болеста не може да се излечи.

Според Најчевска, оправдани се споредбите со ситуацијата пред 2001 година. Таа вели дека постојат мерки кои надлежните може да ги применат за да ја смират ситуацијата, но отсуствува волја да се спречат можните негативни последици.

„Може да се употреби полиција, може да се употреби војска, може да се употребат многу различни средства, може да се повикува на смирување на страстите и слично, меѓутоа жарта е веќе создадена.“

Пред да се применат мерките за спречување на насилствата, потребно е да се утврдат причините кои довеле до таков развој на настаните. Понекогаш не е доволно само да се упатат повици за смирување и осуда на инцидентите од страна на политичките партии, вели Кадриу.

„Ако не ги утврдиме причините, тогаш доаѓаме во состојба како на пример, некој што е тешко болен бара помош од лекарот, лекарот утврдува погрешна дијагноза, врз основа на пограшната дијагноза дава такви лекарства и болеста не може да се излечи.“

Домашните аналитичари се уверени дека неодамнешните тепачки меѓу младите не се случуваат спонтано. Тие, според нив, се однапред смислени и режирани од сили на кои им одговара предизвикување на нереди кои, пак, ја разгоруваат меѓунационалната омраза во земјава.
  • 16x9 Image

    Марија Тумановска

    Марија Тумановска, родена 1981 година во Струмица. За време на студентските денови, волонтира во некои од пишаните медиуми. По завршувањето на факултетот за новинарство, станува соработник во детската редакција на Македонското радио, Радио Скопје. Подоцна работи во културниот сектор на истиот медиум. Во Радио Слободна Европа е од декември 2004 година.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG