Достапни линкови

logo-print

Девет години од убиството на Зоран Ѓинѓиќ


Денеска навршуваат девет години од убиството на српскиот премиер и лидер на Демократската партија Зоран Ѓинѓиќ, врз кого на 12 март 2003 година беше извршен атентат пред зградата на српската Влада.
Ѓинѓиќ, откако кон крајот на 2000 година беше избран за првиот демократски премиер на Србија, го покрена процесот на коренити економски и општествени промени.
Србија за време на својот мандат ја доведе во центарот на вниманието на европската и светската јавност, а според оценките на западните дипломати, тој придонесе за изградба на добри односи со западните земји по периодот на повеќегодишната изолација на Србија.
Владата на Ѓинѓиќ ја почна соработката со Хашкиот трибунал и за време на неговиот мандат, во согласност со меѓународните обврски уапсени се неколку лица обвинети од Судот, меѓу кои и поранешниот претседател на Србија и на СРЈ Слободан Милошевиќ.
XS
SM
MD
LG