Достапни линкови

logo-print

Еврозоната треба да го одобри вториот спасувачки план за Грција


Greece -- A hairdresser cuts hair in Athens, 09Mar2012

Greece -- A hairdresser cuts hair in Athens, 09Mar2012

Министрите за финансии на земјите од еврозоната денеска треба да го одобрат вториот спасувачки пакет за Грција и да го разгледаат засилувањето на механизмите за солидарност, воведени со цел да се избегне повторување на должничката криза,
Атина успешно ја исполнува програмата за преструктурирање на својот државен долг, гарантирајќи учество на 83,5 проценти од нејзините приватни кредитори во планот за размена на обврзници, соопшти во петокот претседателот на Еврогрупата Жан Клод Јункер.
Се очекува денеска да се гласа за првата транша од вториот пакет за финансирање на Грција, чија вкупна сума изнесува 130 милијарди евра.
XS
SM
MD
LG