Достапни линкови

Обама „ длабоко жали “ за убиството на цивили во Авганистан


Американскиот претседател Барак Обама изјави дека „длабоко жали “ поради вчерашното убиството на 16 авганистански цивили од страна на американски војник. Тој додаде дека инцидентот не ја одразува почитта на САД кон авганистанскиот народ.
Авганистанскиот претседател Хамид Карзаи изјави дека инцидентот во провинцијата Кандахар спаѓа во „меѓународно убиство “ и побара објаснување од НАТО. Американскиот секретар за одбана Леон Панетта го увери Карзаи дека се преземени сите мерки за да темелна истрага за убиствата.
Војникот што ги извршил убиствата вчера според извештаите на новинските агенции рано утрото ја напуштил базата и отишол во селото каде влегол во домовите на жителите и почнал да пука. По убиствата војникот се предал на неговите претпоставени во базата. Меѓу загинатите се девет деца и три жени. Се уште е непознат мотивот за убиствата но дел од медиумите шпекулираат војникот можеби доживеал нервен слом.
Локалните жители во знак на револт протестираат пред базата. Претставници на НАТО силите се извинија и соопштија дека војникот е уапсен.
XS
SM
MD
LG