Достапни линкови

Саркози се закани со напуштање на Шенген зоната


Францускиот претседател Никола Саркози вчера изјави дека ќе ја повлече неговата земја од Шенген зоната доколку Европската Унија не постигне напредок во блокирањето на нелегалната имиграција.
Саркози кој се кандидира за нов мандат, на своите поддржувачите во кампањата им кажа дека неконтролираната имиграција ќе ги поткопа европските напори за интегрирање на новите земји членки и ентитети и дека ќе создаде притисок врз социјалните безбедносни мрежи наменети за обесправените низ Европа.
Тој додаде дека доколку во следнава година нема сериозен напредок тогаш ќе го суспендира учеството на Франција во Шенген зоната.
Пред неколку дена Саркози изјави дека во Франција има премногу странци.
XS
SM
MD
LG