Достапни линкови

Ахмадинеџад со нова провокација за Западот


Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад упати нова порака кон Западот, изјави дека неговата земја не се плаши од воена акција поради нуклеарната програма. Неговите коментари доаѓаат пред тој да се појави во собранието в четврток, каде што ќе треба да одговори на економски прашања.Неговите економски реформи од 2010 година наидоаа на сериозни критики поради повлекувањето на субвенциите за храна и енергија.
Западот му наметна на Иран серија санкции поради сомневањата за развивање на нуклеарно оружје. Иран неколку пати ги негираше таквите тврдења но и не дозволи на меѓународната заедница да ја провери иранската нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG