Достапни линкови

Најмалку 18 припадници на Ал Каеда загинаа во Јемен


Јеменските воени претставници тврдат дека вчета при американски воздушни напади загинале најмалку 18 припадници на Ал Каеда. Новинските агенции повикувајќи се на воени извори во Јемен јавуваат дека нападите биле извршени врз јужната провинција Абјуан која е под контрола на милитантите. Милитатната група Ансар ал Шариа ја потврди информацијата за нападот и соопшти дека тројца припадници на организацијата се меѓу загинатите. Американските власти до сега не коментираат ништо за случувањата во јужен Јемен.
XS
SM
MD
LG