Достапни линкови

Абхазија-пополнети 13 пратенички места по парламентарните избори


Властите на грузиската сепаратистичка република Абхазија соопштија дека речиси половина од пратеничките места се пополнети по вчерашните парламентарни избори во земјата. Според Централната изборна комисија, 13 кандидати го добиле потребното мнозинство гласови. Излезеноста на гласањето беше 44 насто, а речиси 150 кандидати се бореа за 35 места.
Втората рунда на гласање во останатите 22 изборни единици е закажана за 24 март. Грузија смета дека изборите биле легитимни.
XS
SM
MD
LG