Достапни линкови

Осум лица загинаа при серија напади во Ирак


Ирачките безбедносни сили соопштија дека осум лица загинале за време на престрелка и бомбашки напад западно од Багдад. Во градот Тамијах кој е 45 километри одалечен од Багдад еден маж го застрелал Аднан Хезбар, телохранителот на градоначалникот и четири припаднички на неговото семејство.
Во градот Бакуба при експлозија на бомба покрај едно популарно кафуле загинале две лица.
Додека при бомбашки напад во близина на воена патрола во Садијах загинал еден војник, а четворица биле повредени.
XS
SM
MD
LG