Достапни линкови

Груевски-тезата на опoзицијата за инцидентите е идиотска


Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски

Премиерот Никола Груевски изјави денеска дека не слушнал нешто поидиотско од тезата на опозицијата и демантираше дека власта е виновна за инцидентите меѓу младите во последните денови. Според него, владата никогаш досега, а ниту во иднина нема да се занимава со такви валкани игри. Груевски порача дека МВР ќе оди до крај во нивно расчистување и санкционирање за учесниците.
Министерството за внатрешни работи соопшти денеска дека привело 5 лица кои се осомничени дека ги нападнале тројцата скопјани во близина на интернет кафето Ентернет. Во Тетово пак се уапсени две лица осомничени за физички напад.
XS
SM
MD
LG