Достапни линкови

Десетици сиријски бегалци секојдневно бараат спас во Турција


Камп за бегалци на границата меѓу Сирија и Турција

Камп за бегалци на границата меѓу Сирија и Турција

Турските медиуми јавија дека десетици сириски бегалци влегле во земјата, по вчерашните напади на владините сили во градот Идлиб на границата меѓу двете земји. Најмалку 189 Сиријци преминале во Турција, изјави владин претставник и додаде дека е можно бројот да се зголеми.
Секојдневно меѓу 40 и 50 Сиријци ја минуваат границата, а цифрата е тројно зголемена во минатите неколку недели. Вкупниот број сириски бегалци регистриран во камповите во југоисточниот турски округ Хатај е 12.519 луѓе.
XS
SM
MD
LG