Достапни линкови

Иванов-ако има потреба ќе го свикам Советот за безбедност


Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов

Претседателот Ѓорѓе Иванов изјави денеска дека надележните институции ги преземаат сите мерки и кога ќе почувствува дека има потреба ќе го свика Советот за безбедност. Неговиот кабинет, како што рече Иванов ги следи сите настани што се случија по трагичниот настан во Гостивар. Според Иванов, загрижува што млади лица се вклучени во инцидентите и апелираше секој да преземе одговорност и да ги има предвид последиците од таквите настани.
Иванов денеска присустуваше на одбележувањето на 20-годишнината од преземањето на првата караула од Територијалната одбрана на Македонија од некогашната ЈНА во караулата „Рамна нива“ на македонско-бугарската граница во делот на Крива Паланка.
XS
SM
MD
LG