Достапни линкови

Милошоски на конференција посветена на НАТО и ЕУ во Копенхаген


Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието Антонио Милошоски

Претседателот на Комисијата за надворешна политика на Собранието Антонио Милошоски денеска и утре во Копенхаген ќе учествува на Конференција на претседатели на комисиите за надворешни работи на државите-членки на Европската унија - КОФАК. Според собраниската прес-служба, тема на конференцијата ќе бидат актуелните прашања со кои се соочуваат Европската унија и НАТО.
Свое обраќање ќе имаат високиот претставник за надворешни работи и безбедносна политика на Европската унија Кетрин Ештон, генералниот секретар на НАТО Андерс фог Расмунсен, министерот за надворешни работи на Данска Вили Совндал и претседателот на Комисијата за надворешна политика на Данскиот парламент Јепе Кофод.
XS
SM
MD
LG