Достапни линкови

logo-print

Папандреу се повлече од претседателската функција во ПАСОК


Грчкиот лидер на социјалистите и поранешен премиер Јоргос Папандреу денеска и формално се повлече од функцијата во неговата партија пред да се оддржат предвремените избори во земјата. Социјалистите ќе бираат нов лидер на партијата на 18 март, а до тогаш со партијата ќе раководи министерот за финасии Евангелос Венизелос.
Папандреу поднесе оставка од премиерската функција во ноември со цел да се формира коалициска влада која треба да и помогне на Грција да излезе од најголемата финансиска криза досега.
Социјалистичката партија ПАСОК дојде на власт во Грција во 2009-тата година на сметка на економски реформи, но една година подоцна земјата се соочи со банкрот и беше принудена да потпише договор за финансика помош со ЕУ и ММФ кој беше условен со „болни“ антикризни мерки.
XS
SM
MD
LG