Достапни линкови

logo-print

ОН: Околу 50 загинати во несреќата во Авганистан


Околу 50 луѓе загинале а 145 се водат како изчезнати, по снежната лавина која го зафати североисточниот дел на Авганистан минатата недела, соопшти ОН. Во соопштението е наведено дека се стравува оти оваа трагедија нема тука да заврши, поради силните снежни врнежи кои за неколку недели може да предизвикаат и големи поплави во регионот.
Локалните власти соопштија дека се уште трагаат по преживеани по лавината во планинското село Бадакшан кое брои вкупно 200 жители. На планините околу Бадакшан има многу снег и патиштата до околните села се непроодни.
Зимата во Авганистан е најострата во изминативе 15 години.
XS
SM
MD
LG