Достапни линкови

logo-print

Можен трансфер на талибански затвореници од Гвантанамо во Катар


Петмина талибански милитанти кои се наоѓаат во американскиот воен затвор во Заливот Гвантанамо, Куба, се согласиле со предлогот да бидат префрлени во Катар, изјавил портпатолот на авганистанскиот претседател Хамид Карзаи, Аимал Фаизи за германска новинска агенција. Тој истакнал дека милитантите одговориле позитивно на договорот откако биле посетени од делегација испратена од Карзаи.
Американската амбасада во Кабул соопшти дека Вашингтон се уште не донел одлука за трансфер на талибански затвреници од Заливот Гвантанамо.
Авганистанските Талибанци во јануари соопштија дека отвориле канцеларија во Катар за можни преговори со меѓународната заедница, истакнувајќи дека во меѓувреме ќе продолжат со нападите врз авганистанските и меѓународните сили во земјата.
XS
SM
MD
LG