Достапни линкови

Израелски напади врз Појасот Газа


Најмалку 14 луѓе загинале а 18 се ранети при синоќешните израелски напади врз Појасот Газа, јавуваат новински агенции повикувајќи се на извори од палестинските болници. Меѓу загинатите е и еден од лидерите на палестинските милитанти. Израелските власти соопштија дека лидерот на милитантната група Народен Комитет за отпор Зохаир Ал Ќаиси бил нападнат затоа што тој планирал напад врз населено место во внатрешноста на Израел. Во меѓувреме израелската војска соопшти дека денеска палестинските милитанти испукале 90 ракети и минофрлачки гранати кон јужниот дел на Израел при што еден човек е сериозно повреден.
XS
SM
MD
LG