Достапни линкови

Груевски ги осуди инцидентите


Премиерот Никола Груевски денеска ги осуди инцидентите што во изминатиов период се случија во земјава. Тој изјави дека насилното однесување е нечесно и незаконски и дека сторителите ќе бидат казнети. Груевски апелира до граѓаните да се воздржат од такво однесување и да влијаат врз младите луѓе разумно да се однесуваат.
Тој додаде дека младите луѓе имале вишок енергија која требало да ја искористат за позитивни работи наместо за нарушување на мирот на граѓаните.
Груевски ги повика политичарите да не го користат говорот на омраза и да не ја злоупотребуваат ситуацијата, затоа што, како што вели на тој начин нема да дојдат на власт туку ќе создадат за себе полоша слика.
XS
SM
MD
LG