Достапни линкови

logo-print

Советот на честа на ЗНМ повикува на поголема одговорност кај новинарите


Macedonia - Association of Journalists of Macedonia, logo - N/A

Macedonia - Association of Journalists of Macedonia, logo - N/A

Советот на честа на ЗНМ повикува на поголема одговорност кај новинарите во нивното информирање во врска со развојот на настаните предизвикани од трагичниот инцидент во Гостивар кога две лица го загубија животот.

„Македонија е мултикултурна и мултиетничка заедница поради што улогата и одговорноста на новинарите е исклучително важна. Освен објективност, непристрасност и професионалност потребни се смирувачки тенденции, а не сензационализам и текстови кои придонесуваат за разгорување на страстите и меѓуетничките тензии“, истакнува во апелот Советот на честа на ЗНМ.

На вакво однесување на новинарите, укажува Советот, упатува Кодексот на Здружението на новинарите на Македонија, според кој новинарот нема да говори со јазикот на омразата и нема да поттикнува на насилство и дискриминација по која било основа: национална, верска, расна, полова, политичка...

„Уште еднаш ги повикуваме нашите колеги новинари својата работа да ја издигнат на висината на професионалните стандарди и да демонстрираат висока свест за чувствителноста на ситуацијата“, се вели во апелот.
XS
SM
MD
LG