Достапни линкови

Сирија спремна за „секој чесен напор“ за окончување на насилствата


Антивладини протести во Сирија.

Антивладини протести во Сирија.

Сириската влада е спремна за „секој чесен напор“ за окончување на насилствата, му рекол сирискиот претседател Башар ал-Асад на поранешниот генерален секретар на ОН Кофи Анан, кој е пратеник на ОН и на Арапската лига за Сирија. Асад ги обвинил „терористите“ дека не дозволуваат да се постигне решение. Сириската државна новинска агенција пренесува дека Асад рекол дека политичкиот дијалог не може да биде успешен „додека оперираат вооружени терористички групи кои шират хаос и нестабилност“.

Во меѓувреме, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Каиро одржа тешка средба со неговите колеги од Арапската лига посветена на ситуацијата во Сирија. Лавров им рекол на арапските дипломати дека Москва „не штити кој било режим“, бранејќи го ставот на Русија да блокира зголемен меѓународен притисок во ОН против режимот на Асад.
XS
SM
MD
LG