Достапни линкови

Мартина порасна, а Матејче не го виде


Семејството Потиќ од Матејче раселени во Куманово. Мајката Катерина Потиќ и децата Мартина, Милош(постар) и Милан(помал).
Семејството Потиќ од Матејче раселени во Куманово. Мајката Катерина Потиќ и децата Мартина, Милош(постар) и Милан(помал).

Мартина Потиќ, првороденото бебе во прифатен центар во конфликтот од 2001 година никогаш не била во кумановско Матејче од каде што се раселени нејзините родители.

Мартина Потиќ од Куманово, 5 оделение во деветолетката на училиштето „Браќа Миладиновци“, е тивко, мирно, молчаливо и срамежливо 11-годишно девојче кое навидум по ништо не се разликува од нејзините врсници. Мартина не е единственото дете без адреса кое по раѓањето во кумановската болница наместо во детска соба и бебешко креветче во Матејче, однесена е во времено сместувалиште, во еднокреветна хотелска соба.
На 21-ви август 2001-та година родена е Мартина, четири месеци по евакуацијата од Матејче. Тоа беа тешки денови бидејки детето наместо во свој дом беше однесено во една хотелска соба во која немаше услови за раснење. Мартина на 21-ви август ќе наполни 11 години, до пред две ипол години кога купивме стан раснеше по колективни центри, а Милош имаше неполни две години кога бевме евакуирани. Тие речиси од колективни центри тргнаа и на училиште. Тоа беа тешки денови. Во „Ку-Ба“ бевме три години, а потоа во Ученичкиот интернат „Професор Мијалковиќ“ каде заради подобри услови добивме две соби. Училиштето и здравствените институции ни беа побликсу, а ги намаливме и трошоците.
Катерина Потиќ.

Единствена е меѓутоа по тоа што таа е првото бебе. Мартина е главниот лик и во досега дводелниот документарец „Девојчето со кибритчињата“. Заради тоа, некои и предвидуваат запловување во актерските води, за што Мартина можеби се уште не е свесна. Засега многу сака да црта.

Мајката на Мартина и на нејзините две братчиња, постариот Милош и помалиот Милан, 33-годишната Катерина, раскажува низ што се поминало нејзиното семејство.

„На 21-ви август 2001-та година родена е Мартина, четири месеци по евакуацијата од Матејче. Тоа беа тешки денови бидејки детето наместо во свој дом беше однесено во една хотелска соба во која немаше услови за раснење. Мартина на 21-ви август ќе наполни 11 години, до пред две ипол години кога купивме стан раснеше по колективни центри, а Милош имаше неполни две години кога бевме евакуирани. Тие речиси од колективни центри тргнаа и на училиште. Тоа беа тешки денови. Во „Ку-Ба“ бевме три години, а потоа во Ученичкиот интернат „Професор Мијалковиќ“ каде заради подобри услови добивме две соби. Училиштето и здравствените институции ни беа побликсу, а ги намаливме и трошоците.“
Мартина Потиќ.
Мартина Потиќ.

РСЕ: Што ви беше најтешко?
Неговите другарчиња имаа свој дом, своја соба. Тој сакаше да донесе другарчиња, а имаше и некои прашања за на час да го опише домот, тогаш интервенирав кај учителката пред другите деца да не го потпрашува. На роденденот сите другарчиња му дојдода, а едното од нив, Методи Соларски остана и на спиење. Потоа Милош одеше кај него и тој доаѓаше на спиење. Децата се шегуваа дека сакаат и тие да се во интернатот. И со Мартина беше слично.
Катерина Потиќ.

„Самиот ден на евакуацијата кој беше многу тежок и периодот додека сфативме дека нема враќање назад. Ни тогаш не ги решивме проблемите, туку пак наидувавме на тешкотии. Животот ни беше тежок, со 150 луѓе во центарот, да раснеш бебе во гужви, вреви, викотници, со луѓе на возраст од нула до 80 години. Во интернатот добивме проширување, две соби, но користевме едно купатило за 40 лица. Се соочувавме со разни инфекции.“

Катерина се сеќава дека еден месец по евакуацијата се надевале дека ќе се вратат во нивната новоизградена куќа во која имало опремено и детска соба. Откако биле сместени во центрите им се разјаснувало дека враќањето на вековните огништа е голема неизвесност. А кога разни организации почнале да ги посетуваат и да им носат помош, биле принудени да се навикнуваат и да го прифатат раселеничкиот живот. Безмалку четири години по конфликтот, за првпат, по тужбата на државата за обесштетување, Катерина со полициска и судска придружба го посетила Матејче и домот.
Милош и Милан Потиќ.
Милош и Милан Потиќ.

РСЕ: Што видовте кога првпат ја посетивте куќата?

„Немаше ништо освен остатоци од покуќнината. По ѕидовите натписи „Смрт на каурите“, „Нема враќање“, прозорците беа искорнати, а тоа што не беше извадено беше запалено. Струјомерот беше однесен, првпат имаше покрив на куќата, а на следното вештачење половина од покривот го немаше.“

РСЕ: Дали некој од соседите Албанци дојде да се поздрави со вас и дали сега во градот се поздравувате?
Работам на истражување на животните приказни на раселените кои со мали исклучоци во Куманово веќе се сместени во свои домови. Мислам дека овие податоци треба да бидат зачувани, а тоа е можно само преку луѓето кои се уште можат да раскажуваат. Има многу постари луѓе кои може да изумрат.
Катерина Потиќ.

„Не. Немаше ниту тогаш, ниту сега. Ние не сме мили таму.“

Во 2008-та година семејството Потиќ се зголемува за уште едно дете. Со раѓањето на Милан, стигнало известување и дека добиле пари од обесштетување со кои купиле свој стан во Куманово.

Семејството Потиќ, како и останатите раселени кои имале деца за на училиште се соочувале и со адаптацијата и прифаќањето на нивните деца од соучениците. Катерина раскажува:
Цртежите на Мартина Потиќ.
Цртежите на Мартина Потиќ.

„Неговите другарчиња имаа свој дом, своја соба. Тој сакаше да донесе другарчиња, а имаше и некои прашања за на час да го опише домот, тогаш интервенирав кај учителката пред другите деца да не го потпрашува. На роденденот сите другарчиња му дојдода, а едното од нив, Методи Соларски остана и на спиење. Потоа Милош одеше кај него и тој доаѓаше на спиење. Децата се шегуваа дека сакаат и тие да се во интернатот. И со Мартина беше слично.“
Можеби времињата ќе се сменат и децата можеби нема да сакаат да го продадат, а можеби и за 20-30 години ќе се сменат работите. А тие треба да си го знаат идентитетот и потеклото. Тоа не е можно ако ние не ги упатуваме.
Катерина Потиќ.

Катерина и нејзиниот сопруг Дејан, сезонски градежен работник, продолжуваат со животната борба и обезбедување услови за нормално раснење на нивните деца. Но, Катерина се активирала и во невладиниот сектор, како можност да ја раскажува нејзината и приказните на раселените од кумановско-липковско. Преку НВО „Доверба“, на Мировна конференција во Сараево, меѓу претставниците од екс-Ју просторите била единствена од Македонија.

„Работам на истражување на животните приказни на раселените кои со мали исклучоци во Куманово веќе се сместени во свои домови. Мислам дека овие податоци треба да бидат зачувани, а тоа е можно само преку луѓето кои се уште можат да раскажуваат. Има многу постари луѓе кои може да изумрат.“

Од раселените од липковските села до сега починале 30-ина луѓе, меѓу кои има и релативно млади. Меѓу помладите е Саша Ѓелевиќ, кој откако изградил куќа и се средил со семејството, починал.

РСЕ: Мислите дека се последици од конфликтот?

„Мислам дека се последици, зашто кога во животот имаш проблем, силен си и го тегнеш, штом ќе се опуштиш тогаш последиците се покажуваат.“

Катерина е од Куманово, мажена во Матејче, кое пак го чувствува како свое родно место. Таа вели дека имотот таму не би го продавала. Таа одлука би ја оставила на децата.

„Можеби времињата ќе се сменат и децата можеби нема да сакаат да го продадат, а можеби и за 20-30 години ќе се сменат работите. А тие треба да си го знаат идентитетот и потеклото. Тоа не е можно ако ние не ги упатуваме“, вели Катерина и додава дека животот е борба, со неизвесен епилог.
  • 16x9 Image

    Светлана Антиќ Јовчевска

    По завршувањето на Студиите по новинарство во Скопје во 1985 година започнува да работи како економски новинар во Куманово, а потоа како дописник на „Вечер“,соработник на „Нова Македонија“,„Утрински весник“,на МРТВ, МИА, Радио Дојче Веле и неколку неделници. Од основањето на Радио Слободна Европа известува за настаните од својот град.

XS
SM
MD
LG