Достапни линкови

Грција - ќе има избори или не?


Парламентот во Атина

Парламентот во Атина

Во Грција би можеле да бидат одржани парламентарни избори најбрзо на 29 април, изјави портпаролот на Владата во Атина Пантелис Капсис.
Според Капсис сепак може да се случи и на нема избори со цел премиерот Лукас Пападимос да има доволно време да го финализира договорот за долгот и да ја отстрани опасноста од банкрот.
Медиумите подолго време шпекулираа дека изборите, кои првично беа планирани за минатиот месец, би можеле да се одржат во мај, но официјалните претставници во Атаина засега се воздржани околу датумите.
Коалициската Влада на премиерот Пападимос, која е формирана во ноември лани, има мандат да го заврши финансискиот аранжман кој ќе и овозможи на Грција да го намали долгот и да излезе од кризата, а потоа би требало веднаш да организира избори.
XS
SM
MD
LG