Достапни линкови

Пак: За датум за преговори потребна е проевропска влада


Шефицата на делегацијата на Европскиот парламент за ЈИЕ Дорис Пак изјави дека за добивање датум за почеток на преговирите за членство во ЕУ, Србија мора да има стабилна, функционална и проевропска влада, како и да се имплементираат сите договори склучени во дијалогот меѓу Белград и Приштина.
- Тоа пред се зависи од резултатите на владата и парламентот на Србија во спроведувањето на реформите, и тоа во сите политички области, за што неодамна е усвоен извештајот на Европскиот парламент. Исто така, потребно е во пракса да почне да се спроведува се она што Србија го договорила со Косово. Се разбира, многу е важно да се нормализира ситуацијата во северниот дел на Косово, додаде Пак.
На прашањето што мисли за проширувањето на ЕУ имајќи ја предвид моменталната криза во Унијата, таа нагласи дека процесот на проширување продолжува на целиот регион, бидејќи е силно поврзан со стабилноста на Унијата“
XS
SM
MD
LG