Достапни линкови

logo-print

Рикер - оние кои напаѓаат деца, ученици се кукавици


Оние кои напаѓаат деца, ученици, навистина се најголемите кукавици, изјави заменик-помошникот државен секретар Филип Рикер на брифингот за ситуацијата во регионот што денеска се одржа во Центарот за странски новинари во Вашингтон.
- Ги повикуваме сите страни да останат смирени. Треба да се постапи согласно законот, властите да ги утврдат фактите што се случило и да се спроведе законскиот процес, рече поранешниот амбасадор на САД во Македонија, на прашањето за последните инциденти во Македонија што ја зголемија меѓуетничката напнатост, јави Гласот на Америка на македонски.
Тој резимираше дека Балканот и натаму е приоритет за американската влада, а патот до стабилност и просперитет е преку евроатлантската интеграција.
Запрашан, пак, дали САД и другите НАТО-сојузници би извршиле притисок врз Грција да се согласи на прием на Македонија под референтното име, така што земјата уште на самитот во Чикаго би влегла во Алијансата, Рикер со став дека името треба да се реши.
- Особено сакаме Македонија да стане целосна членка на НАТО и во тој однос, ние, а мислам и сите сојузници, би сакале што е можно поскоро да се реши прашањето за името со Грција, рече Рикер.
Вишиот дипломат на Стејт департментот ја пофали неодамнешната средба на премиерите на Грција и Македонија, побара натамошни средби и дијалог со посредство на ОН, рече дека Вашингтон веќе подолго време смета дека решението е можно и заклучи дека тоа ќе биде од интерес не само на луѓето од двете земји, туку и на целиот регион.
XS
SM
MD
LG