Достапни линкови

logo-print

Рикер: Нема обединета Европа без Балканот


,,Балканот е душата на Европа. Нема обединета Европа без негово целосно интегрирање,, смета американскиот заменик помошник државен секретар Филип Рикер. Тој во своето предавање синоќа пред студентите на Американскиот универзитет во Вашингтон за тоа каде се наоѓа регионот 100 години по Првата балканска војна, подвлече дека на бројните средби со лидерите од регионот, откако е на сегашната функција, им порачал оти нема алтернатива на евроатланската интеграција. ,,Колку повеќе земјите на Балканот стануваа стабилни, просперитетни демократии и дел од европското семејство, толку повеќе ќе бидат наши партнери во справувањето со предизвиците, но и со можностите на 21-от век“, рече поранешниот амбасадор на САД во Македонија.
XS
SM
MD
LG