Достапни линкови

Ако МВР не реагира, Скопје ќе се претвори во Бејрут


Обраќање на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

Обраќање на Министерката за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска пред собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците.

Инцидентите што се случуваат последните денови се закануваат да му наштетат на соживотот и доколку не се преземат мерки ни се заканува опасност работите да излезат од контрола. Ваквиот заклучок го делат повеќето од пратениците, членови на Комитетот за односи меѓу заедниците.

Инцидентите што се случуваат последните денови се закануваат да му наштетат на соживотот и доколку не се преземат мерки, ни се заканува опасност работите да излезат од контрола. Ваквиот заклучок го делат повеќето од пратениците, членови на Комитетот за односи меѓу заедниците. Денешната вонредна седница требаше да биде посветена на тоа што да се преземе за да се спречат тензиите кои се закануваат на безбедноста на државата, а не да се бараат виновниците кој прв почна. Но, не изостанаа меѓусебните обвинувања кој е виновен за овие инциденти, на кого му одговара сето ова, кој ќарува политички поени?
Апелиравме до сите општествени чинители на свој начин во доменот каде што тие имаат авторитет да дадат придонес заедно да ја надминеме оваа состојба.

Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска пред Комитетот соопшти дека од почетокот на годината имало 25 инциденти во кои учестувале млади луѓе. Најголем број од инцидентите биле во Скопје и тоа во автобусите на ЈСП, а имало и во училиштата. Јанкулоска апелира да се смират тензиите оти случувањата не му одговараат на општество во кое треба да Седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците

Седница на собранискиот Комитет за односи меѓу заедниците

доминираат разбирањето и почитувањето.

„Апелиравме до сите општествени чинители на свој начин во доменот каде што тие имаат авторитет да дадат придонес заедно да ја надминеме оваа состојба.“

Јанкулоска е убедена дека и покрај тоа што постојат сили на кои им
Кај одговорноста примарна е безбедноста, ништо повеќе не важи ниту евроинтеграциите, ниту спомениците, ако на граѓанинот не му ја гарантираш безбедноста, животот.
одговараат ваквите случувања, дека сепак побројни се онии кои се за соживот и дека тие ќе проовладаат.

Претседателката на Комитетот Ермира Мехмети, рече дека не треба да се бара виновникот туку да се реши како институциите ќе делуваат, бидејќи е дојдено време кога граѓаните си ги зеле работите во свои раце и излегле на улиците да се пресметаат со другиот.

„Ни се заканува опасност да се урне соживотот и затоа сега е време инстиуциите да покажат дали можат да му обезбедат безбедност на народот.“

Од пратеничката група на ДПА велат дека виновниците за Повик полицијата да ги лоцира сторителите на инцидентите

Повик полицијата да ги лоцира сторителите на инцидентите

инцидентите треба да се бараат во Собранието во владејачката коалиција ВМРО-ДПМНЕ-ДУИ.

„Кај одговорноста примарна е безбедноста, ништо повеќе не важи ниту евроинтеграциите, ниту спомениците, ако на граѓанинот не му ја гарантираш безбедноста, животот“, вели Зијадин Села од ДПА.

Пратеничката Силвана Бонева
Меѓуетничките односи се големи проблеми во земјава, јас сум вознемирен како пратеник, дека меѓуетничките односи се градат по формулата на поранешна Југославија-имаме добри односи меѓу политичките елити, но долу народот се повеќе се одалечува.
од ВМРО-ДПМНЕ апелира пратениците да не гледаат само за себе и да не фрлаат кал еден кон друг, затоа што калта ќе падне и врз главата на оној што ја фрлил.

„Немојте да ги злоупотребувате меѓуетничките односи за политичка пресметка со вашите политички опоненти.“

Меѓуетничките односи перманентно се една жешка тема насекаде во светот, но ова во Македонија е најизразено и има сила на прашање да биде или не Македонија стабилна држава, вели Изет Зекири од партијата за Национална демократска преродба. Тој додава дека проблемот е што меѓуетничките проблеми во земјава не се решаваат систематски.

„Меѓуетничките односи се големи проблеми во земјава, јас сум вознемирен како пратеник, дека меѓуетничките односи се градат по формулата на поранешна Југославија - имаме добри односи меѓу политичките елити, но долу народот се повеќе се одалечува.“

Пратеникот Џеват Адеми од ДУИ повика МВР да ги најде сторителите зашто во спротивно народот ќе извлече поука дека и тие се соучесници.

„Довербата на граѓанинот кон институциите и кон МВР се разнишува, а сме инвестирале многу, сме платиле многу висока цена за таа доверба. Мојот син ми вели - тато доколку полицијата не ги открие сторителите, вината си ја презема за себе.“

Адеми вели дека по оваа дебата институциите мора да се справат со негативниот потенцијал, во спротивно Скопје ќе се претвори во Бејрут, меѓуетничките тензии ќе се зголемат и во нив ќе изгорат сите.
  • 16x9 Image

    Пелагија Стојанчова

    Новинарската кариера ја започна како радио водител на музичка емисија во локалното радио во Кратово. Во 2008 година работеше како новинар за култура и образование во бесплатниот дневен весник Шпиц. Од јануари 2009 работи како дописник за Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG